Најбогатите луѓе трагаат по мрежи и ги градат истите, сите останати бараат работа. Можеш да ја имаш најдобрата идеја или производ, но тие ќе доживеат успех само ако имаш мрежа преку која луѓето ќе дознаат за нив и дистрибутивна мрежа која истите ќе ги продаде.
- Роберт Киосаки -
Системот на мрежен маркетинг е најбрзиот начин на пласман на робата и услугата. Се нарекува маркетинг на дистрибутивниот систем на 21 век. Се појавил како конкуренција на класичниот начин на продажба, со цел да се заобиколат посредниците помеѓу производителот и потрошувачот. Производителот со овој систем се приближува до потрошувачот и на тој начин цената станува поповолна. Потрошувачот има можност да ги набавува производите по повластена цена.
Во мрежниот маркетинг целата работа ја вршат регистрирани потрошувачи на производите, ги продаваат и рекламираат со меѓусебна комуникација и непосредни, лични контакти. Компаниите кои работат по принципот на мрежен маркетинг многу вложуваат во квалитетот и развојот на своите производи, а заради непосредниот контакт со потрошувачите побрзо реагираат на барањата и потребите на пазарот.
КОИ ВИ СЕ ПАРТНЕРИ ВО РАБОТАТА
- ЛИМЕС Д.О.О – е меѓународна биохемиска компанија чии производи ги користат многу семејства во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Бугарија и околните земји на Балканот. Со неколку десетици вработени, неколку стотини кооперанти и неколку десетини илјади соработници во диструбутивната мрежа, секоја година бележи исклучителен економски раст.
- ЛИМЕС МАРКЕТИНГ СИСТЕМ – Фирма која ни нуди административна и правна логистика, преку која се дистрибуираат производите до секој соработник и која ни обезбедува редовна пресметка на бодовите и личните примања.
- ВАШИОТ СПОНЗОР И ПОВИСОКАТА СПОНЗОРСКА ЛИНИЈА – Тоа се луѓе кои Ве вовеле во работата, кои се подготвени да Ви помагаат и имаат интерес да Ве научат и да Ве направат успешни. Тие знаат да чекорат со чекорите на успехот, следете ги, ценете ги и почитувајте ги.
На крајот од синџирот сте секако ВИЕ. Вие сте единствениот непознат меѓу партнерите во овој деловен проект. Се друго е апсолутно проверено и докажано дека функционира. Можеби се уште не сте потполно сигурни дали Вие можете, но убедени сме дека ќе донесете одлука дека сакате да научите.
Ако така одлучите, тогаш сме убедени дека Вие сте вистинската личност која ја бараме.
Идејата за мрежен маркетинг се темели на фактот дека задоволните купувачи на некои производи имаат природна потреба да ги пренесат своите искуства во непосредни лични контакти со други личности. Тоа значи дека секој поединец – потрошувач може да гради и шири своја мрежа на потрошувачи со мали вложувања. Врз основа на прометот кој ќе го направи таа мрежа, соработниците остваруваат и одредена заработка. Мрежниот маркетинг дава можност на секој поединец – соработник да изгради мрежа без територијални пречки, а интензитетот на градењето на мрежата го одредува секој соработник лично.
Мрежата на задоволни потрошувачи се шири лесно, со оглед на тоа дека секој купувач кој е задоволен од производите ќе им понуди на свои пријатели, соседи, колеги можност и тие да си обезбедат исти такви производи и со задоволство да ги трошат. На Вас е да одлучите дали ќе ги користите само за себе или ќе ширите Ваша мрежа на потрошувачи и ќе остварите дополнителна заработка, поточно финансиска поддршка која на почетокот ќе Ви го подобри Вашиот буџет, а подоцна можеби и потполно ќе го измени Вашиот живот во позитивна смисла.
Систем на организација кој Ви овозможува да најдете задоволство во работата, стекнете самодоверба, потпирајќи се на себе, да остварите успех и да им помогнете на другите да ги постигнат истите резултати.
Секако приоритет се задоволните клиенти, наши соработници кои ги стимулираме со бонуси и акции за да им ја олесниме работата и патот до поголема заработка.
Тренингот е основа на која успешните луѓе градат МЛМ бизнис. Наједноставниот начин да се постигне мајсторско ниво е оној преку кој на другите им ги пренесуваме мајсторските начела
- Џон Каленч -
Регистрирајте се како лојален корисник и дистрибутер ВЕДНАШ и уживајте во поволностите и повластените цени со 33% попуст.
За регистрација е потребна нарачка од минимум 8 бода.