Malo više o Limesu
Лимес е синоним за квалитетни, природни, еколошки, концентрирани, антиалергиски производи.
Кога ќе ви каже ПУЛМОЛОГ да ја избегнете хемијата од дома затоа што поради неа ви се влошуваат симптомите на АСТМА, сетете се на производите на Лимес, кои дефинитивно ќе ви помогнат да ги надминете овие проблеми со дишењето. Доволно ни е загадување во воздухот надвор што го дишеме, можете барем внатре, во удобноста на домот да дишете и да чистите без маски и без да се плашите дека ќе го затруете вашето бебе, дете, постар човек, болен од респираторни заболувања и сл.
Производите се одлични за оние кои страдаат од АЛЕРГИЈА на хемија, ЕГЗЕМА, МАЈАСИЛ, а има многу такви болести на кожата кои се предизвикани или пак потенцирани токму од таа хемија . И кога одите на ДЕРМАТОЛОГ (кожен лекар) и кога ќе ви каже дека не треба да миете садови без ракавици, сетете се на овие производи кои дефинитивно може да ги користите без ракавици, не само што нема да ви штетат на кожата туку напротив ќе имаат и мелемски ефект, дури и концентратот за садови.
И кога доктор ќе ви каже да употребувате медицинска козметика затоа што кожата ви е премногу сува од хемикалиите во производите кои сте ги користеле, имате АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ, СЕБОРЕА, ПСОРИЈАЗА, НЕУРОДЕРМИТ и сл. пак сетете се на овие производи , и обидете се да ги користите без страв дека ќе имате некаков проблем. Медицинската козметика е многу е поскапа за нашите стандарди, а со производите на Лимес, сепак е далеку поефтино, а се исто толку квалитетени меѓународно признаени и со сертификат ЕВРОПСКА НАГРАДА ЗА КВАЛИТЕТ
Ако пак имате проблеми со вратот, спондилоза, несоница, главоболка и слично, кои ви прават проблеми со спиењето, и вашиот ОРТОПЕД или ФИЗИЈАТАР ви препорача ортопедски перници, сетете се дека не мора да плаќате едно чудо пари за перници кои не смеете да ги перете и треба да ги фрлите откако ќе се извалкаат. Тука се нашите наградувани антиалергиски ортопедски ПАНДА перници, за мирен и удобен сон , без крчење и без болки во вратот, далеку подобри од вообичаените перници на кои сме навикнати да спиеме. И секако што е најважно СЕ ПЕРАТ ВО МАШИНА НА 60 СТЕПЕНИ и се полнети со СИЛИКОНСКО ВЛАКНО кое не дозволува равој на ГРИЊИ. И да се разбереме маркетингот на одредени перници не ги прави нив подобри и поквалитетни, туку само имаат добар маркетинг. Лимес не се рекламира на телевизија туку исклучиво по препорака уста на уста од веќе задоволни клиенти.
Лимес е синоним за квалитетни, природни, еколошки, концентрирани, антиалергиски производи.
Во секој производ има комбинација од екстракти на невен, босилек, кантарион, липа, жалфија, нане, коприва, камилица, ајдучка трева и сл. Амбалажата е исто така еколошка.
Нашите повќе од 100 производи се поделени во неколку категории: